Вечниот „џокер“ на Јирген Клоп се сели во Милано

Ориги

Дивок Ориги е подготвен да си замине од Ливерпул ова лето и како слободен играч да го засили нападот на Милан.

Белгискиот напаѓач во многу наврати бил херој на тимот од „Енфилд“. Неговите голови како резерва засекогаш ќе останат во сеќавање на фановите. 27-годишникот пристигна во премиерлигашот од редовите на Лил. Со оглед на големата конкуренција тој сега е подготвен да се бори за стартно место во редовите на италијанскиот гигант од Милано.

Стефано Пиоли има двајца ветерани во нападот - Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру. Тоа е причина плус за ангажманот на младиот напаѓач, кој треба да биде дел од иднината на клубот.