Вардар во изменет лик почна со подготовки и бара засилувања!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар конечно стартува со подготовки. „Црвено-црните“ го одржаа првиот тренинг пред продолжението на сезоната во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) каде котираат високо на табелата.

Вардарци завршија на второто место веднаш зад Гостивар и важеа за едни од главните фаворити за промоција, меѓутоа во овој преоден рок, додека траеше неизвесноста за иднината и финансиската конструкција на клубот, повеќе имиња решија да си заминат од таборот на Вардар.

Тренерот Бобан Грнчаров на првата прозивка го собра тимот, без повеќе искусни фудбалери кои беа лидери во првиот дел од сезоната. Желбата е повторно да се остане меѓу најдобрите, но и да се најдат добри засилувања кои ќе ги пополнат дупките на оние што заминаа.

Се дефинираат и пријателските средби на кои ќе се темпира формата пред продолжението на ВМФЛ.