Вардар против Локомотива на стадионот во Кичево

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го чека новиот предизвик во Втората лига каде го презеде врвот и противник ќе биде Локомотива Пехчево, а дуелот ќе се игра на неутрален терен.

Локомотива Пехчево доби казна и теренот во населбата Сингелиќ каде ги играше домашните натпревари е суспендиран поради инцидентот пред дуелот со Беласица. Клубот реши да го пријави за домашен теренот во Кичево.

Натпреварот меѓу Локомотива Пехчево и Вардар се игра во недела, 19 март, со почеток од 15:00 часот.