Вардар ќе биде спаринг партнер за „лавовите“ на Симов

Репрезентативната пауза нуди можност за македонските екипи да организираат пријателски средби и да ја темпираат формата во празниот викенд. 

Таа пауза ќе ја искористат Македонија Ѓорче Петров и Вардар, кои в сабота во терминот од 15:00 часот ќе одиграат на стадинот во скопската населба Ѓорче Петров. „Лавовите“ имаат нов тренер, пристигна Горан Симов и потребно е воигрување. Овој тест дуел ќе биде идеален за двете екипи, Вардар е во налет и во добра форма, па тест со поквалитетен ривал од прволигашкото друштво е одличен за продолжението на сезоната. 

Македонија Ѓорче Петров е шестопласирана во ПМФЛ, безбедна над зоната за опстанок, додека вардарци се лидери во ВМФЛ.