Вардар донесе и трето ново име, потпиша со напаѓачот Роберт Митев

Роберт Митев е трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. 28-годишниот крилен напаѓач потекнува од нашата фудбалска академија, доаѓа од екипата на Охрид, а во својата досегашна кариера има играно и за екипите на Силекс, Тиквеш, Беласица...

Со доведувањето на Митев, тренерот Грнчаров добива уште една офанзивна опција, по заминувањата на Христов, Парталко и Маркоски.

Претходно, Вардар ги промовираше Дејан Цветаноски и Дарко Размоски. 

Вардар презими на второто место на табелата во Втората лига, со еден бод заостанување зад есенскиот првак Гостивар.