• Горан Упале

Екипата на Детонит Плачковица сезоната во Втората македонска фудбалска лига ја заврши со победа над Слога Виница (2-1).
Тренерот Иван Варадиновски не го криеше задоволството од како што вели тој успешната сезона за тимот, и најави дека по краткиот одмор, веднаш ќе се фатат за работа за подготвени да ја пречекатаат новата сезона.
„Ја завршивме оваа сезона како што посакувавме, со победа и на петто место кое само по себе кажува многу. Најголемите заслуги одат кон играчите кои се главни виновници за позитивните моменти во текот на оваа сезона. Јас сум задоволен од она што го сработивме и прикажавме како тим. Сега ни останува да се одмориме, да направиме анализа на сè она што го поминавме и спремни да го дочекаме почетокот на новата сезона“, рече Варадиновски
Детонит сезоната во ВМФЛ ја заврши на петтата позиција со четиринаесет победи, осум реми исходи и осум порази.