• Горан Упале

Рафаел Ван дер Варт, еден од најдобрите холандски офанзивци во модерната ера, испрати пофални зборови за легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев.
Популарниот „Гоче“ токму во Холандија ја заврши својата неверојатна репрезентативна кариера, исполнета со големи победи и исторски настап на Европско првенство.
„Тој е Јохан Кројф од Македонија. Кога се прости од репрезентативниот дрес беше момент кој што нема да го заборавам. Ми дојдоа солзи на очите. Цел стадион, сите навивачи и македонските и холандските го скандираа неговото име. Се слушаше само „Горан Пандев“. Убаво е што такви фудбалери добиваат достојно збогување“, рече Ван Дер Варт.
Пандев за Македонија одигра 122 натпревари, а последниот беше на „Амстердам Арена“ во поразот од Холандија со 3-0 од Холандија.