ВИДЕО: Ужасен старт за Арсенал, новајлијата Брентфорд слави голема победа

Арсенал

Микел Артета имаше ужасен старт на новата премиерлигашка сезона. Арсенал загуби на гости кај Брентфорд (2-0), кој ги искористи своите шанси за да го изненади фаворитот во првото коло.

  • Извештај од натпреварот:

Лондонскиот тим доминираше во поле, имаше далеку повеќе додавања, но не беше на висина на задачата во нападот. На спротивната страна домаќинот реализира две акции и запиша први бодови.

По една долга акција, Брентфорд успеа да поведе по 22 минути игра. Најпрво домашните фудбалери бараа пенал, а во продолжението Серхи Канос шутираше меѓу нозете на Калум Џемберс и го пронајде патот до мрежата на „топџиите“.

Кај Арсенал недостигаа Обамејанг и Лаказет, па офанзивната линија беше значително ослабена. Шанса од клупата за резерви доби и Бакајоко Сака, но ниту тоа не помогна да се избегне пораз.

Моментот на одлука му припадна на Кристијан Норгард кој со глава го постави конечниот резултат на семафорот. Според играта до тој момент, нереално беше Артета да се надева на било што, па неговата екипа си замина дома со неочекуван пораз на стартот на новата сезона.

Состави

Thomas Frank

3-5-2

    Микел Артета

    4-2-3-1