Уште едно засилување за Арсенал, го купи резервниот голман на Англија

Екипата на Арсенал утрово се пофали со потписот на Мартин Одегард кој пристигна од Реал Мадрид, а сега во тимот пристигна и Арон Рамсдејл од Шефилд Јунајтед. 

23-годишниот голман пристигна за сума од 28 милиони евра, плус одредени бонуси, парафира долгогодишна соработка со „топџиите“ и ќе се бори за местото прв голман со Берндт Лено. Рамсдејл има огромен потенцијал, тој е резервен голман на Англија, со која стигна до финалето на последното Европско првенство. 

Меѓу стативите на Шефилд Јунајтед, Рамсдејл беше неприкосновен. Иако неговиот тим испадна од Премиер лигата, чуварот на мрежата често беше најсветла точка на теренот, со многу одбранети шутеви и големи шанси. Во кариерата освен во Шефилд, Рамсдејл има настапи и за Болтон. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.