Уругвајците добија суспензии за дивеењето на СП во Катар

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изрече суспензии за фудбалери на Уругвај за немилите настани по крајот на натпреварот против Гана во третото коло на Светското првенство во Катар.

Уругвајците незадоволни протестираа кај арбитрите, имаше и физички контакт, а беше уништена и ВАР-опремата на стадионот. Фернандо Муслера и Хозе Марија Хименез добија казна од четири, а Единсон Кавани и Диего Годин се суспендирани еден меч.

Револтот кај Уругвајците беше затоа што не добија пенал во судиското надополнување. Победа од 3-0 ќе ја однесеше јужноамериканската селекција во следната рунда, но со резултатот 2-0 од тоа профитираше Јужна Кореја.