Управата на Наполи измисли казна за Елмас и соиграчите

Екипата на Наполи потфрли уште еднаш и со шокантен пораз кај Емполи (2-3) ги загуби шансите за титулата во Серија А. Поразот е уште повеќе болен, затоа што тимот водеше со два гола до 80. минута.

Голем револт постои кај управата, која измисли казна за играчите и за стручниот штаб. Ељиф Елмас (не играше поради повреда) и соиграчите уште од денес ќе бидат ставени во принуден карантин. Нема да имаат слободен ден. Во базата ќе се дискутира за сите проблеми.

Сепак, од Наполи потврдија дека засега иднината на Лучијано Спалети не е под знак прашалник и дека тој останува дел од тимот и во иднина.