ВИДЕО: Украина мора и е под притисок, ние сме тука да им застанеме на патот

Утрински тренинг, средба на Чурлинов и Алиоски со новинарите и аргентинска свирка за дуелот со Украина - тоа е резимето на денешниот ден на макеоднската фудбалска репрезентација во Букурешт.

Ангеловски ги има сите фудбалери на располагање, нема повредени, нема уморни и казнети и изборот за стартниот тим е широк. Селекторот нема да го менува системот, но веројатно некои играчки замени ќе се случат.

Дали Ристовски ќе се врати крај десната аут линија и дали Трајковски ќе остане во стартниот тим се дилемите на Ангеловски. Украина е селекција која мора и која е под притисок да победи и да избори најмалку осминафинале. Ние сме тука да им застанеме на патот.

  • Погледнете го освртот на уредникот на Gol.mk, Зоран Мишевски, од Букурешт: 

Нов бран македонски навивачи се очекува во текот на следните два дена, па веројатно македонски фанови ќе има колку украински, ако не и повеќе.