ФОТО: Убавината на фудбалот на дело – Унгарија игра пред 70.000 луѓе на ЕП!

Корона кризата во огроман мера го погоди и спортот во целиот свет. Мина цела сезона со празни трибини или пак во одредени земји со многу мал процент на посетеност. На Европското првенство и македонските репрезентативци го почувствуваа жарот на „Фалангата“ која допатува во Букурешт, а вистински спектакл приредија Унгарците во Будимпешта. 

Селекцијата на Унгарија во првото коло го дочека европскиот првак Португалија, а бидејќи ситуацијата со ковид-19 е добра во оваа земја, на „Пушкаш Арена“ присуствуваат речиси 70.000 фанови. Така, националната химна на Унгарија ја испеаја многу грла, што беше навистина убаво да се види.

Навивачите организирано, во огромни групи пристигнаа на натпреварот, а за атмосферата не мора ниту да се зборува. Дефинитивно, ова се фотографии од фудбалските терени кои ни недостигаа.