Езџан Алиоски потпиша договор со турски Фенербахче, каде што ќе игра како позајмен фудбалер од редовите на Ал Ахли. Кам-бекот на македонскиот репрезентативец во Европа беше неминовен, а доколку се покаже во вистинско светло, може да заработи и целосен трансфер во турскиот гигант.