Тројца фанови на Шкупи приведени по големиот инцидент на „Чаир“

Наместо фудбалски спектакл на двата најуспешни македонски клубови во последните години, на „Чаир“ се случи голем срам – гостите поведе по само девет минути игра, по што на теренот летаа боксови и факли, и се тепаа фудбалери и навивачи.

Натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија заврши со службен резултат од 0-3 за гостите од Тетово, бидејќи домашните навивачи дивееја на трибините и теренот, откако „црвено-црните“ поведоа со 0-1. Ваквиот епилог донесе многу работа за полициските службеници, а од МВР информираат дека досега се приведени тројца навивачи на бранителот на титулата. 

Веднаш по завршувањето на останатите натпревари од четвртфиналната фаза од Купот на Македонија, на вонредна седница, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на Шкендија, службено со 3-0 да го добие натпреварот со Шкупи. 

Теренот на Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари и клубот се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ