Три италијански и еден турски тим во борба за потписот на Ристовски

Италијанските и турските медиуми наголемо пишуваат за иднината на нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски, кој беше еден од најдобрите поединци на Ријека оваа сезона и еден од најзаслужниот за историскиот успех и освојувањето на ХНЛ лигата. 

„Лацијалита“ пишува дека македонскиот бек би можел да заврши во редовите на Лацио, доколку пропадне трансферот на Силван Видмер од Удинезе. Додека турски „БС16“ открива дека за потписот на дефанзивецот на Ријека се борат екипите на Бурсаспор, Џенова и Фиорентина. 

Оштетата за евентуален трансфер на Стефан би требала да изнесува околку 2,5 милиони евра, но засега сè е сведено на шпекулации. Во текот на изминатите месеци Ристовски беше поврзуван и со премин во Атлетико Мадрид, Севиља и Спортинг Лисабон.