Тренерот кој го исфрли Ристовски од Спортинг може да го преземе Јунајтед

Манчестер Јунајтед многу веројатно по завршувањето на сезоната ќе добие нов менаџер, затоа што сегашниот Ралф Рангник ќе ја преземе улогата на спортски директор во клубот.

Германецот до крајот на сезоната ќе биде на клупата на „црвените ѓаволи“, а потоа англискиот гигант ќе бара долгорочно решение. Во игра се повеќе стратези, а во последнот период се шпекулира дека Рангник и челните лица на Јунајтед довербата ќе му ја дадат на Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон, кој во нашата јавност е познат по конфликтот со македонскиот капитен Стефан Ристовски.

<<< ПОВРЗАНО - Ристовски доби казна од Спортинг, префрлен е во Б-тимот

Аморим ги презеде „лавовите“ во март 2020 година, кога Спортинг му плати десет милиони евра на Брага за обештетување. Многумина тоа го сфатија како луд потег, но Аморим им ги затвори устите на критичарите и минатата сезона му ја донесе титулата на Спортинг по деветнаесет години пауза.

Доколку Португалецот пристигне на „Олд Трафорд“, ќе го чекаат неговите сонародници и првите ѕвезди на тимот Кристијано Роналдо и Бруно Фернандез.