Ристовски и Трајковски дел од најскапо продадените странци во ХНЛ

Македонските репрезентативци, Стефан Ристовски и Александар Трајковски се најдоа во листата на хрватскиот фудбалски медиум „Гол“ во најскапо продадените странци во хрватскиот фудбалски шампионат.

Причината за ова истражување на хрватскиот медиум е последниот милионски трансфер кој го направи некогашната голема надеж на Сер Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед, Анџело Хернандез. Уругваецот од вчера за сума од 1 милион евра дресот на Динамо Загреб го промени со оној на мексикански Атлас

На оваа листа високо котира сегашниот член на Палермо, Александар Трајковски. Македонското крило иако кратко се задржа во Интер Запрешич, веднаш се наметна како лидер на екипата, па хрватскиот тим не можеше да одолее на понудата на Зулте Варегем кој за 1,1 милион го доведе нашиот репрезентативец. 

Ристовски пак, ова лето го реализира трансферот на кариерата и стана дел од португалскиот гигант Спортинг Лисабон кој за услугите на Македонецот издвои 1,15 милиони евра, а до крајот на сезоната вкупниот трансфер ќе изнесува 2,25 милиони евра.

Најскапо продаден странец во ХНЛ е австралиската легенда, Марк Видука, кој во 1999 година за сума од 5,35 милиони евра од Динамо Загреп премина во шкотски Селтик