ВИДЕО: Тотенхем со реми кај Рен ја започна авантурата во КЛ

Екипата на Тотенхем не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра нерешени 2-2 (1-1) на гостувањето кај Рен во рамките на првото коло во Конференциската лига на УЕФА. Во изедначен натпревар на „Роажон Парк“, со шанси на двете страни, можеби делба на пленот беше најреален исход. 

  • Рен - Тотенхем 2-2:

Натпреварот тргна со автогол на Баде, по кој Тотенхем поведе по 11 минути игра. Сепак, радоста за момците на Нуно Еспирито Санто не траеше долго, бидејќи Таит израмни веќе во 23. До полувремето немаше резултатски промени, а така беше и по стартот на продолжението. Лаборд успеа да го сврти резултатот, донесе предност на Рен во 72. минута и надеж дека победата ќе остане во Франција. Слично како и во првиот дел, водството се „стопи“ бргу, па Хојбјерг четири минути подоцна погоди за 2-2, резултат кој се испостави како конечен. 

  • Славија Прага - Унион Берлин 3-1: 

На останатите терени, најголемо изненадување беше ремито без голови на Базел кај Карабах (0-0). Славија Прага беше сигурна и полесно од очекуваното го совлада бундеслигашот Унион Берлин со 3-1, а гостински победи запишаа Копенхаген во Братислава кај Слован (1-3), Гент кај Флора (0-1), ЛАСК во Хелсинки (0-2), ПАОК против Линколн (0-2), Витесе кај Мура (0-2), додека без голови одиграа и Каират со Омонија (0-0). 

Состави

Bruno Genesio

4-4-2

    Nuno Espirito Santo

    4-4-2