ВИДЕО: Тотенхем го доби дербито со Арсенал и остана „жив“ за ЛШ!

Фудбалерите на Тотенхем останаа „живи“ во трката за Лигата на шампионите, откако славеа во градското дерби со Арсенал со 3-0 (2-0) во рамките на заостанатиот натпревар од 22. коло во Премиер лигата. 

  • Извештај од натпреварот:

„Петлите“ на Антонио Конте рано дојдоа до водство, а потоа гостинот остана со човек помалку откако Роб Холдинг заработи втора јавна опомена. Во продолжението Хари Кејн го даде својот втор, додека стрелаше и Хјонг Мин Сон за конечен резултат. 

Дуелот тргна мирно, па првите возбудувања беа во 21. минута кога Седрик Соареш направи пенал. Сигурен од единаесет метри беше Хари Кејн кој го матира Ремсдејл за 1-0. Стоперот на „топџиите“, Холдинг заработи два жолти картони за кратко време, вториот беше поради удар со лакт. 

До полувремето Родриго Бентанкур со центаршут по корнер од десната страна му асистираше на Кејн кој со глава погоди од непосредна близина за двојна предност. Тотенхем имаше и нова можност преку Емерсон Ројал, но резултатот остана непроменет. Веднаш на стартот на второто полувреме Сон реализира по одбиена топка и ја смести во мрежата за високи 3-0. Арсенал имаше шанса за погодок, се закани преку Сака и Одегард, додека на спротивната страна Сон и Емерсон можеа да донесат уште повисока победа. 

По 36 одиграни натпревари Арсенал стои на четвртото место со бод повеќе од Тотенхем. Во завршните две рунди „петлите“ играат со Њукасл и Евертон, додека „петлите“ со Барнли и Норич.

Состави

Антонио Конте

3-4-2-1

    Микел Артета

    4-2-3-1