Тодороски раскрстува со Осијек, опции се Србија, Кипар и Словачка

Македонскиот фудбалер Тодор Тодороски во следната сезона ќе има нов клуб, затоа што ќе си замине од редовите на хрватски Осијек и ќе бара поголема минутажа во некоја нова средина.

Тодороски, кој има 22 години и настапува на десната бековска позиција, во Осијек пристигна пред четири години од редовите на Вардар. Играше за вториот тим, имаше и една позајмица во Шибеник, додека за првиот состав запиша шест настапи.

Прилепчанецот од ова лето тргнува во нова авантура и странски ангажман. Има повеќе опции, а најсериозни се оние од Србија, Кипар и Словачка. Наскоро Тодороски ќе донесе одлука која од понудите ќе ја прифати и ќе биде познат неговиот нов клуб.

Тодор Тодороски како младинец играше во 11 Октомври, Кожуф, Металург и Вардар, а првотимски статус стекна во 2016 година во Металург, од каде се пресели во Вардар, па следеше трансфер во Осијек.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.