До првите натпревари на Европското првенство со Русија, односно Англија, на Белгијците и Хрватите им остана уште неполна недела. Познато е колку е важно добро да се стартува, а еден од предусловите е свежината која им фали и на едните и на другите поради тоа што костурот на фудбалери на двете екипи се играчи кои практично една година играат без одмор. Тоа би можело да доведе до нешто полесен пристап од двете страни кој за цел ќе има да се избегнат повреди. Иако добар резултат ќе донесе одредена доза на самодоверба, сепак, нема да биде во прв план и можеме да донесеме заклучок дека во Брисел би требало да паднат најмалку три гола, како и да се затресат двете мрежи.