Кристијан Ериксен е подобар. И тоа е најважната вест, не само пред мечот на неговата Данска со Белгија, туку и пред продолжението на целото Европско првенство, кое речиси почнува да изгледа проколнато. Поздравите што им ги испрати на своите соиграчи преку претседателот на Фудбалскиот сојуз на Данска, како и пораката што им ја испрати на своите клупски колеги од Интер, се далеку поважни од - благо речено - одвратните шпекулации за продолжувањето на неговата кариера. Но, дали тие поздрави и пораки се доволни за момците на Каспер Хјулманд да го избришат сеќавањето на морничавите сцени од мечот со Финска?