Утре ќе стартува завршниот турнир на Лигата на нациите, во кој силите ќе ги одмерат четири светски гиганти на фудбалот. Домаќинот и европски првак Италија ќе сака да ја надополни успешната година со нов трофеј, но нема да има лесна задача. Шпанија, Франција и Белгија се тука да се борат и да го предизвикаат континенталниот првак на „фајналфор“ турнирот во Лигата на нациите. Поради ковид-проблемите, дел од тимовите менуваа непосредно пред завршницата, а токму Италија има најмногу главоболки.