Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Марк Вилмотс го објави списокот на фудбалери со кои ќе се натпреварува на претстојното Европско првенство во Франција.
Освен на повредениот фудбалер на Манчестер Сити, Винсент Компани, белгискиот селектор ќе може да смета на најсилниот можен состав, а денес ги обелодени 24. надежи со кои ќе отпатува во Франција. Изненадување е само повикот на фудбалерот на Барселона, Томас Вермален, кој поради повреда скоро цела сезона беше надвор од фудбалските терени.