По одработениот последен тренинг на „Драгао“, се наѕира тимот со кој Македонија утревечер ќе брка мундијалска виза. Повратникот Елмас ќе биде предводник на тимот, а пак големи работи ќе се очекуваат од Александар Трајковски. Покрај ѕвездата на Наполи, веројатно ќе има само уште една измена од стартниот тим во Палермо. Сепак, иако го знае Милевски не го официјализира тимот, а формацијата нема во многу нешта да се разликува од дуелот во четвртокот против Италија.