Торино, Верона и Сасуоло им се приклучија на Сампдорија, Порденоне и Читадела во осминафиналето на Купот на Италија, фаза во која ќе се вклучат и најдобрите осум екипи од минатата сезона. На „Олимпискиот стадион“ во Торино, истоимената екипа на Синиша Михајловиќ го совлада Карпи со 2-0 (2-0) со головите на Јаго Фалке и Андре Белоти.