Доколку „топџиите“ го елиминираа Виљареал во полуфиналето од Лигата на Европа, Англичаните по втор пат во последните две години ќе ги имаа сите четири учесници во финалето на континенталните натпреварувања. Таа 2019 година, Тотенхем и Ливерпул се бореа за најдоброто во Лигата на шампионите (заврши со триумф за „црвените“ од 2-0), додека учесници во финалето на Лига Европа беа Челзи и Арсенал. „Сините“, кои сега за престижниот трофеј ќе ги „вкрстат копјата“ со Манчестер Сити во Истанбул на 29 мај, пред две години, беа многу подобри од тимот предводен од Унаи Емери (4-1), човекот кој е најмногу заслужен што ривал на Манчестер Јунајтед во Гдањск ќе биде Виљареал и на тој начин им се „одмазди“ на „топџиите“ за отказот што го доби пред крајот на споменатата година.