Англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал го има еден од најлошите старта во клупската историја, но менаџерот Микел Артета е оптимист и вели дека најдоброто од тимот допрва следува. На дербито со Манчестер Сити, „топџиите“ доживеаја нов срам и загубија со убедливи 5-0, а притоа ниту еднаш не упатија директен удар кон голот на Едерсон.