Англискиот фудбалски гигант Арсенал, по пауза од две децении е без меѓународни обврски, па затоа оваа сезона за бодови во Премиер лигата се бори и во петок. На отворањето на деветтото коло, „топџиите“ покажаа сила против незгодната Астон Вила и со 3-1 (2-0) им се вратија на победите во англиската елита, по двете реми средби против Брајтон и Кристал Палас.