Ливерпул држи чекор со Манчестер Сити, но проблем за „црвените“ е тоа што доколку сакаат да го симнат ривалот од тронот, мора да гo престигнат, а времето е сè помалку на нивна страна. До крајот на шампионската трка останаа уште пет рунди. Во претходното коло екипата на Јирген Клоп мораше да одговори на триумфот на лидерот, меѓутоа овој викенд ќе се обиде да го стави ривалот под притисок, бидејќи ја отвора 34. рунда на гости на „Сент Џејмс Парк“.