Ренџерс веќе направи големи работи оваа сезона во Европа. И без финале во Лига Европа, оценката ќе биде максимална, но далеку од тоа дека избраниците на Џовани Ван Бронхрост ќе се предадат без борба. Впрочем, жештината, машката игра и магичниот „Ајброкс“ се нивните најголеми адути. „Полицајците“ изгледаа одлично во првиот натпревар во Лајпциг, практично, до самиот финиш на натпреварот не дозволија домаќинот да создаде сериозна шанса, а потоа концентрацијата на момент попушти и Анхелињо со шут од 16-17 метри успеа да ја смести топката во мрежата.