Модерниот фудбал не може да се замисли без централната фигура на шеф на стручниот штаб. Сите конци ги влече тренерот, мора да биде и тактичар и полн со социолошки вештини, психолог и задолжително добар комуникатор. Но, не било така во минатото. Дури во последните децении од минатиот век улогата на тренерот беше јасно апострофирана од седмата сила, па почнаа и да растат платите на тренерите и да се прошируваат стручните штабови. Низ историјата скоро и да не се сте слушнале за тренери кои оставиле голема трага во своите клубови. Ова е приказна за некои од нив - мали, но сепак големи тренерски магови.