Сериозни амбиции во домашните натпреварувања имаа и едните и другите. Лестер во летниот преоден рок многу вложи, но големиот број на повреди во прилична мера ги уништи плановите на англиската екипа за која Конференциската лига е последна шанса да направи нешто позначајно оваа сезона поради позицијата која ја зазема во Премиер лигата. Рома котира многу подобро во Серија А, меѓутоа најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампионите (мораат многу работи да се поклопат). Жозе Мурињо беше ангажиран баш за тимот да влезе во елитата на Стариот континент, ама не е доволно само да се донесе „специјалниот“ за да се заврши таа работа и да се биде меѓу најдобрите во италијанската елита, туку потребно е да се има тим кој може да конкурира на Интер, Милан, Наполи и Јувентус.