Откако се искачи на покривот на Европа во 2019 година, Ливерпул не отиде подалеку од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Минатата сезона застана токму на тој чекор, а една сезона претходно во осминафиналето. Сега повторно е тука, во фоајето на полуфиналето. Оваа сезона има неспоредливо полесен ривал од претходните две кога се соочи со Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Многумина ќе кажат дека со Баерн, Ливерпул имаше најмногу среќа во ждрепката, но првиот впечаток лесно може да измами.