Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не настапи во натпреварот од Суперкупот на Португалија, дуел со кој се отвори новата сезона во земјата на европскиот првак. Шампионот на Португалија, Бенфика го декласира победникот на Купот, Спортинг со 5-0 (1-0) нанесувајќи му еден од најтешките победи во градските дерби натпревари.