Пред две години, Синиша Михајловиќ се договори со екипата на Спортинг, за да ја преземе тренерската позиција. Меѓутоа, по само 12 дена, португалскиот прволигаш му даде отказ, па Србинот побара правда поради ова неспортско однесување на челниците на клубот.