Екипите на Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен одиграа спектакуларен натпревар на „Ајброкс парк“. Во првиот дуел од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, шкотскиот вицешампион двапати водеше, но на крај не успеа да победи. Момците на Питер Бош се изборија за реми од 2-2 и сега пред својата публика ќе имаат голема предност за одмазда за ланската елиминација, баш во истата фаза.