118-то белгиско фудбалско првенство започна под сите прогнози. По три одиграни кола лидер на табелата е повратникот во елитата Бершот, кој заедно со Шарлроа е единствениот со максимален учинок, додека екипите од кои се очекуваше од самиот старт да ги потврдат шампионските амбиции, започнаа лошо. Ова првенствено се однесува на вицешампионот Гент, кој е на самото дно, без ниту еден бод и на бранителот на титулата, Клуб Бриж. „Сино-црните“ забележаа една победа и два пораза, двата на свој терен, што е вистински куриозитет.