Фудбалерот на Реал Мадрид, Феде Валверде, предизвика невиден скандал по натпреварот со Виљареал. Валверде го нападнал играчот на Виљареал, Алекс Баена на паркингот и, според шпанските медиуми, го удрил со тупаница. На натпреварот одигран во јануари во Купот на кралот, Баена имаше жесток старт против Валверде, а потоа со погрдни зборови ја навреди сопругата на Уругваецот која имала спонтан абортус.