Екипата на Наполи претрпе болен пораз во дуелот од второто коло на Лигата на Европа, откако на свој терен испушти предност и загуби од Спартак Москва со 2-3 (1-0). Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас донесе водство по само 11 секунди, но Марио Руи заработи црвен картон, па Русите го искористија тоа.