Интер

Primary tabs

  • Манчини: Сари ме нарече геј!

    Малку фалеше на синоќешниот натпревар од четвртфиналето на Купот на Италија, помеѓу Наполи и Интер, кој заврши со победа на гостинските фудбалери, да дојде до физичка пресметка помеѓу двата тренери. Инцидентот се случи во судиското продолжение, кога Манчини и Сари меѓусебно си дофрлуваа, а Манчини тврди дека Сари го навредил со погрдни зборови.

  • Јоветиќ и Љајиќ го одведоа Интер во полуфинале на Купот

    По пауза од четири години конечно Интер го совлада тимот на Наполи. Вечерва, во претпоследниот дуел од четвртфиналето од италијанскиот куп, тимот на Манчини на гости беше поуспешен од Наполи славејќи со 2-0 (0-0). 

  • Хандановиќ со одбрана на годината

    Неколку позитивни работи можат да се извлечат од денешното реми на Интер кај Аталанта. Голманот на екипата од Милано, Самир Хандановиќ, ја направи одбраната на колото, што ја спаси неговата екипа од пораз. 

  • Интер со втор последователен кикс: Само реми кај Аталанта

    Во првиот натпревар од 20. коло од италијанската Серија А, Аталанта успеа да го задржи Интер, играјќи 1-1 на домашен терен. Два автогола во првото полувреме беа единствените голови на натпреварот. 

  • Интер го продава Гуарин, за да го купи Соријано

    Колумбиецот Фреди Гуарин ќе го напушти тимот на Интер оваа зима, а за него најголем интерес постои од Гуангжу Евенгранде од Кина.

  • Ван Гал се заинтересира за Брозовиќ

    Поради одличните настапи на Марсело Брозовиќ во оваа сезона за Интер, многу клубови од Англија пројавија интерес да го видат хрватскиот интернационалец во своите редови. 

  • Сасуоло го изненади лидерот: Берарди од пенал за победа против Интер

    Изненадувачки пораз на Интер, кој на домашен терен беше поразен од Сасуоло, со гол од белата точка во продолжението од натпреварот. Овае е втор последователен пораз на домашен терен за екипата на Манчини, која иако, доминираше во поле, не успеа да ги искористи своите шанси.

  • Интер пак со своите 1-0 се доближи до есенската титула

    Фудбалерите на Интер се наоѓаат на чекор до освојување на есенската титула во Серија А. Во претпоследниот натпревар од 18. коло на шампионатот на Италија, Интер на Роберто Манчини едвај славеше на гостувањето кај Емполи со 0-1 (0-1). Во меч без многу емоции одлучувачката беше последната минута во првиот дел. Тогаш Иван Перишиќ мина по левата страна и центрираше, а Мауро Икарди се најде на вистинското место и ја погоди целта.

  • Паласио, Хандановиќ и Нагатомо добиваат нови договори во Интер

    Лидерот во Серија А, Интер ќе им понуди нови договори на тројца од проверени фудбалери во клубот. Самир Хандановиќ, Родриго Паласио и Јуто Нагатомо до крајот на јануари ќе добијат опција за продолжување на соработката со сино-црната половина од Милано.   Договорите на сите тројца истекуваат ова лето, а Словенецот Хандановиќ ќе го продолжи договорот до 2019 година, додека Аргентинецот Паласио ќе остане во Интер до 2017 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

  • Џеко ќе паузира два натпревари, Мело три

    Босанскиот напаѓач, Един Џеко, ќе паузира два натпревари, поради црвениот картон, кој го заработи на дуелот со Џенова.

  • Манчини: Глупоста на Фелипе Мело ни ги расипа празниците

    Роберто Манчини беше бесен по вториот домашен пораз, синоќа од Лацио со 1-2 во последниот натпревар за оваа година во Серија А. Лидерот загуби со 2-1 на домашен терен, а победоносниот гол римјаните го постигнаа од пенал на наивен начин скривен од Фелипе Мело.

  • Немања Видиќ повторно во англиската Премиер лига!

    Според пишувањата на медиумите во Италија, можно е враќање на Србинот Немања Видиќ во англиската Премиер Лига. Комбинацијата од повреди и фактот дека Роберто Манчини не му даде доволно шанса на Видиќ во неговиот сегашен клуб Интер од Милано, ги подгреа шпекулациите за негово можно напуштање на клубот.

  • Интер почна да победува со стил: „Покер“ во Удине и зацврстување на врвот

    По пет сезони, кога последен пат Интер годината ја заврши на првата позиција, сино-црните се повторно блиску до презимување на врвот. Тимот на Манчини вечерва убедливо славеше на гостувањето против Удинезе со 0-4 (0-2) во дуелот од 16. коло во италијанското првенство. Икарди во 23. минута и црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ во 31. минута беа стрелци уште во првото полувреме, а конечната победа ја заокружија Икарди, со својот втор гол во 83. и Брозовиќ во 86. минута.

  • Интеровецот Икарди ограбен од разбојници со пиштоли

    Напаѓачот на милански Интер, Мауро Икарди, беше жртва на вооружен грабеж, во кој му е украден рачен часовник, вреден 30.000 евра.

  • Интер „минимално“ против Пандев и Џенова

    Фудбалерите на Интер на „Џузепе Меаца“ славеа минимална победа против Џенова, екипа во која настапува нашиот Горан Пандев со 1-0 (0-0). Единствениот гол за домаќините го постигна Адем Лајиќ во 59. минута по прекрасно изведениот слободен удар. Последните минути Интер ги играше со играч помалку по исклучувањето на Д'Амброзио во 86. минута, поради втор жолт картон. Гостите од Џенова не ја искористија предноста од човек повеќе до крајот на мечот, па „нероазурите" заслужено се радуваа на освоените три бода. 

  • Пандев категоричен: Освоив многу трофеи со Интер, но сега сакам победа со Џенова

    Македонскиот интернационалец Горан Пандев е во исчекување на дуелот во рамките на 15. коло на италијанската Сериа А, меѓу неговиот сегашен клуб Џенова и поранешната „љубов“, екипата на Интер.

  • Брозовиќ по стапките на Ковачиќ: Заминува од Интер во јануари?

    Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ, размислува да го напушти тимот на Интер. Брозовиќ оваа сезона не е во првите планови на тренерот Роберто Манчини и стартер беше само на пет натпревари,

  • Болоња ќе брка опстанок со Бијабиани и Итурбе

    Екипата на Болоња си стави мисија до крајот на сезоната, а тоа е опстанок во најсилната италијанска лига и наредната година. Првиот чекор кон целта е доведување на двајца квалитетни офанзивни играчи со кои би се зголемила ефикасноста. Се работи за Хуан Итурбе од Рома и Џонатан Бијабијани од Интер.

  • Колонија од балканци во Интер: Нов на листата е братот на Бланка Влашиќ

    Италијанскиот прволигаш, Интер од Милано е заинтересиран за уште еден фудбалер од балканските простори. Се работи за Никола Влашиќ, брат на познатата атлетичарка од Хрватска, Бланка Влашиќ. Моментално, Никола настапува за екипата на Хајдук. Клубот од Сплит го потврди интересот од страна на италијанскиот клуб.

  • Хандановиќ останува верен на Интер

    Словенечкиот репрезентативен голман, Самир Хандановиќ, го продолжи договорот со екипата на Интер. Словенецот и „нероаѕурите“ најдоа заеднички јазик, со кој 31-годишниот голман ќе добие повисока годишна плата од 2.5 милиони евра, со можност за бонуси доколку се освои Скудетото. Договорот на Хандановиќ со италијанската екипа истекува ова лето, но како што стојат работите тој ќе остане на голот на Интер и во наредните неколку сезони.

Pages