Од 1. ноември, Колумбиецот, Карлос Бака беше без постигнат гол во Серија А. Откако учествуваше во победата во Рим против Лацио, со првиот од трите гола, се до попладнево беше во голгетерска криза. Сепак во 51. минута од мечот со Верона, на асистенција на Луис Адријано, ја погоди целта, постигнувајќи го седмиот гол во сезоната. Така „росонерите“ го скршија отпорот на Верона. Но, само неколку минути подоцна, заради груб прекршок на последен човек, Најџел Де Јонг беше исклучен, а Лука Тони го совлада Донарума за 1-1. Интересно е што меѓу стрелецот и голманот, разликата во години е неверојатни 22.