На Милан му „гори“, додека Ливерпул е без грижи, но тоа не значи дека тука сè ќе биде јасно. Со само четири освоени бода „росонерите“ се изедначени во групата Б со мадридски Атлетико, а и едните и другите заостануваат по бод зад второпласираниот Порто. Така, на домаќинот во последното коло му „виси“ не само продолжението во Лигата на шампионите, туку и европската пролет. Од друга страна, „црвените“ одамна го обезбедија првото место и на „Сан Сиро“ доаѓаат како една од трите екипи со максимален учинок (другите две се Ајакс и Баерн). Но, момците на Јирген Клоп беа опуштени и во претходната рунда против Порто, па ги испратија „змејовите“ од „Енфилд“ со победа од 2-0.