Иста мета исто растојание. Наполи и Милан во последните 11 круга од трката за скудетото влегуваат бодовно израмнети. Неапол ќе гори, навивачите на Наполи ја почувствуваа крвта на миланските гиганти и веруваат дека нивните пулени конечно можат да ја донесат долго чеканата круна под Везувот. Поради тоа, стадионот „Диего Армандо Марадона“очекувано беше распродаден, односно тие 75% кои беа дозволени.