Фудбалерите на Интер се првиот финалист во Копа Италија, откако славеа во „Дерби дела Мадонина“ против Милан со убедливи 3-0 (2-0). Резултатот беше можеби преубедлив, со оглед на случувањата на теренот, бидејќи „росонерите“ промашија неколку изгледни шанси, а имаа и поништен гол при 2-0. Сепак, Интер ги казни промашувањата и грешките, ги искористи своите можности и сосема заслужено се пласира во мечот за трофејот, со што го продолжи сонот за „двојна круна“.