РБ Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт ја спуштаат завесата на сезоната во Германија. Четата на Оливер Глазнер, помалку неочекувано, стигна до седмата позиција во последното коло и така в џеб ја има Конференциската лига. В сабота ќе игра за чекор повеќе – пласман во Лигата на Европа. „Саксонците“ повторно се во Лигата на шампионите, основната цел ја исполнија и растеретени, но силно мотивирани доаѓаат во финале. Влогот е вториот трофеј во кратката историја на клубот.