Со голот на Понсе на четири минути до крајот, Спартак Москва се спаси од пораз против шампионот Зенит на „Лужњики“, во дербито од десеттото коло на руската Премиер лига. Претходно, гостите од Санкт Петербург доминираа и поведоа со голот на Ерохин, на додавање на Џуба во 65. минута.