Репрезентативецот до 21 година, левиот крилен напаѓач Бенјамин Демир, кој летово потпиша договор со Спартак Ждрепчева Крв од Суботица, заздрави од повредата и е во конкуренција да настапи во реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа в четврток против славната Спарта во Прага.