Шкупи

Primary tabs

  • Работнички со Шкупи в недела, а Вардар против Брегалница идниот вторник

    ФФМ објави нова рокада во мечевите од наредното 21. коло на ПМФЛ.

  • Мистериозниот гол на Агкун го носи Шкупи поблиску до Европа

    Рецептот на Шкупи оваа пролет продолжува. Цврста одбрана, мала доза на ризик, а гол како така напаѓачите ќе постигнат. Така беше и денес против Ренова, на мечот на кој стрпливоста им се исплати на „гулабите“. Енес Агкун на мистериозен начин ја втурна топката во мрежата на „гипсарите“.

  • Шкупи и Силекс со први пролетни победи

    Во второто пролетно коло од ПМФЛ, екипите на Шкупи и Силекс ги обезбедија првите победи за оваа година, откако со идентични 1-0 беа поуспешни од Ренова, односно Младост Царев Двор.

  • Гани: Респект за Ренова, но ние одиме на трите бода!

    Екипата на Шкупи, по победничкиот старт во пролетниот дел од фудбалскиот шампионат на Македонија, откако славеше минимално над Металург, во 20. коло силите ќе ги одмери со составот на Ренова. Предводникот на клубот од Чаир, Висар Гани е свесен за квалитетот на противникот, но притоа наговести борба до самиот крај за бодовите.

  • Шабани: Ќе биде тежок натпревар, но сакаме позитивен резултат против Шкупи

    Составот на Ренова, по убедливиот пораз на стартот од пролетниот дел, од страна на актуелниот првак Вардар, в недела против Шкупи ќе бара подобрување на впечатокот. Играчот од редот за врска, Буњамин Шабани смета дека „ гипсарите“ на Чаир може да дојдат до бодови.

  • Бајрами, Темелков и Радески со првите пролетни голови во ПМФЛ

    Во премиерниот натпревар на Шкупи за оваа година, тимот од Чаир беше поуспешен од аутсајдерот Металург, победувајќи минимално со 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мухарем Бајрами во 36. минута од мечот, откако по одлично изведениот слободен удар го матира гостинскиот голман.

  • Пропадна трансферот на Бразилецот, Иво Коста во Шкупи

    Бразилскиот фудбалер, Хорхе Сантос Иво Да Коста, кој пред неколку недели пристигна на проба во екипата на Шкупи, се врати во Бразил. 

  • Османи и Петковски донесоа победа во генералката на Шкупи, пред пролетнито старт

    Новиот прволигаш Шкупи славеше со 3-1(3-1) против Гостивар во последниот тест пред стартот на пролетниот дел на ПМФЛ. Иако противникот водеше од 10. минута со голот на Ерсен Сали, фудбалерите од населба Чаир направија пресврт.

  • Петковски погоди за победа на Шкупи над Новаци

    Фудбалерите на Шкупи ја прекинаа серијата на лоши резултати на контролните натпревари ви Охрид. По вчерашниот пораз од Тетекс со минимални 0-1, „гулабите“ денес на теренот „Атина Бојаџи“ во Охрид го совладаа третолигашот Новаци со 2-1 (1-1).

  • Шкупи есенва напаѓаше со Кореец, а сега регистрира Турчин

    Турскиот напаѓач Енес Акгун е нов член на Шкупи и партнер на Филип Петковски во шпицот на нападот. Клубот на својата официјална веб страница објави дека напаѓачот доаѓа од Коња Анадолу Селчукспор. Откако во есенскиот дел Шкупи регистрира фудбалер од Јужна Кореја, сега доведе Турчин.

  • Шкупи со „петарда“ во мрежата на Македонија ЃП

    Во подготвителен пријателски натпревар, кој се одигра денес екипата на Шкупи издвојува убедлива победа против Македонија ЃП со 5-1 (2-1). Во првото полувреме домаќините поведоа со 1-0 во 14. минута, за само по четири минути преку Лазаревиќ, „лавовите” да изедначат на 1-1. На одмор фудбалерите на Шкупи заминаа со предност од 2-1.

  • Ганиу: Со претседателот сме во потрага по засилувања за посилен Шкупи

    Тренерската смена во Шкупи нема да предизвика потреси, бидеќи на местото на Рамадан, доаѓа Висар Ганиу кој беше спортски директор на клубот. На денешната прозивка клубот од Чаир не претстави нови фудбалери, но новиот тренер од претседателот бара неколку засилувања, како клубот би си ги остварил своите цели.

  • Рамадан во Фљамуртари, Ганиу нов тренер на Шкупи

    Големо изненадување за навивачите на Шкупи беше информацијата која доби и официјална потврда денес, дека тренерот Зекирија Рамадан заминува од Македонија и ќе го води албанскиот прволигаш Фљамуртари од Валона. Висар Ганиу, кој ја извршуваше улогата на спортски директор, попладнево ќе биде именуван за шеф на стручниот штаб на чаирчани, како замена за Рамадан.

  • Шкендија убедлива пред зимската пауза

    Во последното коло пред зимската пауза, екипата на Шкендија го победи Шкупи со убедливи 4-1 и остана во трка за титулата.

  • Дуел на фудбалерите на Шкупи и Младост Царев двор
    ПМФЛ

    „Висок лет на гулабите“ за крај на одличната есен!

    Минатата сезона заедно играа во Втората лига, на почетокот од оваа Младост Царев двор беше најпријатно изненадување, но работите драстично се сменија во последните 4-5 недели од првата полусезона. Шкупи, како никогаш полесно, го декласира дебитантот во Првата лига со 5-0 (2-0) и зад себе остави прекрасно фудбалско попладне и уште поубедлива есен. Навивачите на популарните „гулаби“ го видоа нивниот „висок лет“ и со пет тресења на мрежата на Младост Царев двор, задоволни заминаа дома. 

  • На Чаир не признаваат „цареви“!

    Новиот прволигаш Шкупи, на најдобар можен начин ја заврши полусезоната и со убедливи 5-0 го совлада Младост Царев двор на стадионот во Чаир. „Гулабите“ потврдија дека имаа план, стратегија и солиден играчки кадар и дека неслучајни се постојаните резултати оваа есен.

  • Кратко траеше авантурата на Кореецот во Шкупи

    Корејскиот интернационалец во редовите на Шкупи, Бае Беомгеун, одлучи да ја прекине соработката со чаирскиот клуб по само неколку месеци поминати во клубот. Играчот од средниот ред прикажа неколку одлични партии за екипата на Шкупи, но по мала расправија со засега непознат соиграч за време на тренинг, решил да го напушти клубот. Со неговиот гол, Шкупи ги освои трите бода на гостувањето кај Металург пред повеќе од еден месец во Велес.

  • Фудбалерите на Работнички и Шкупи н тешкиот терен во Скопје
    ПМФЛ

    ФОТОГАЛЕРИЈА: Дебармаалци од пораз, блиску до победа, за да на крајот дојдат до реми

    Шкупи е „тврд орев“ за скоро сите фаворити. Втор пат игра нерешено против Работнички, а овој пат само минути го делеа од подвиг и сите три бода од националната арена „Филип втори“. Натопениот терен и дефанзивната тактика на гостите од Чаир, му посметаа на фаворитот Работнички да дојде до победата. Финалните 1-1 отсликуваат борбен и до крај неизвесен натпревар. На крајот дури и ако ги искортистеа шансите фудбалерите на Работнички можеа да стигнат и до голема и важна победа. 

  • Работнички „заглави“ во дождот и пред „бункерот“ на Шкупи

    Работнички пак одигра 1-1 против Шкупи на арената „Филип Втори“, исто како и на Чаир минатиот септември. Во тешки услови за игра, силен дожд кој врнеше во текот на целиот меч, двете екипи покажаа голема борбеност, а головите дојдоа во самата завршница од дуелот. 

  • Горан Здравков: Можевме и да го победиме Шкупи, но бодот е добар

    Променливите игри во текот на целата сезона се заштитен знак на штипска Брегалница. Затоа не чуди што по скромниот настап против Силекс на домашен терен, каде едвај спасија бод, вчера одиграа многу поквалитетно со Шкупи. Дури и според капитенот имаа повеќе шанси од „Чаир“ да се вратат со цел плен.

Pages